Image

IMG_20150220_161748

10 причини поради кои возам велосипед во Скопје, во зима на +3°C

changnesia

вело

1.       Се здебелувам од руската салата, сармичките и свинското кои ги изедов за време на празниците, а немам време да спортувам. Дури и спортската сала во која вежбам не работи за време на школскиот распуст;

2.       Има повеќе автомобили од вообичаено низ улиците, а скопските булевари не се доволно широки за да ги соберат сите. Па, побрзо стигнувам на работа со велосипед, а и порелаксиран.

3.       Надвор е тмурно, а возењето велосипед ме расположува. Ми дава ведрина за првите неколку часа од работниот ден (барем додека не престанат да зборуваат колегите за метежот низ улиците и немањето слободен паркинг пред канцеларија).

4.       Поради зголемениот број на автомобили нема слободни паркинг места, па кога немам велосипед приморан сум да бирам меѓу такси или пеш кога по работа одам на пијачка.

5.       Воздухот во Скопје е алармантно загаден, а јас нема да дозволам моите внучиња да дишат уште позагаден воздух поради мене.

View original post 288 more words